Свет
15. May 2017 - 18:59

За новиот француски премиер јавниот интерес ќе биде приоритет

Само што беше назначен, премиерот Едуар Филип го посочи токму „јавниот интерес" како приоритет. На тоа досегашниот премиер Бернар Казнев му се заблагодари и му посака среќа, јавува дописникот на МИА од Париз.

Градоначалниот и пратеник од Хавр, Едуар Филип на традиционалната церемонија на трансфер на власта, која се одржа во дворот на хотелот Матињон, седиштето на претседателот на француската влада, пред досегашниот премиер Бернар Казнев, потсети:

- Вие рековте дека сте човек на ливицата. Јас не се сомневам во тоа. Јас сум човек од десницата-што нема да ве изненади, знам. Сепак, ние имаме взаемно почитување, и знаеме дека јавниот интерес мора да ги води избраните функционери и граѓаните, истакна тој.

Притоа Филип му оддаде почит на Бернар Казнев.

- Шесте месеци, кои ги поминавте на чело на владата се кулминација на една прилично исклучителна министерска кариера. (...) Тоа е причината зошто бев среќен, и покрај тоа што бев член на опозицијата, да видам дека Републиката ви доверуваше одговорности, рече Филип.

- Сакам да ви кажам, надвор од недоразбирања кои сум ги рекол, дека вие сте човек од карактер, продолжи тој, изразувајќи пофалби за „стилот" на својот претходник. - Јас не знам дали е тоа нормандиски, но знам дека тој е на постојана елеганцијата на сериозно внимание, со чувство за хумор и љубезна форма на умот и чувство на државност што мислам е за пример, посочи Филип за Казнев.

Назначувањето на Едуар Филип од редовите на Републиканците за премиер на владата, чиј состав ќе биде познат утре, предизвика серија на реакции во Франција меѓу политичарите.

Дваесетина истакнати членови на Републиканците и нивниот сојузник УДИ, блиски до Алан Жупе и Бруно Ле Мер, оценија дека нивните политички семејства треба да одговорат на подадената рака од Емануел Макрон, кој го назначи Едуар Филип за премиер, кој инаку е од нивните редови.

Марин Ле Пен, која ја презеде претседателската функција на Националниот Фронт, по кратката изборна пауза, оцени дека назначувањето на Едуар Филип, „го повтрува постоењето на системот УМПС ( од кратениките на партиите на десницата и социјалистите).

Првиот секретар на Социјалистичката партија Жан Кристоф Камбаделис, од своја страна оцени дека со назначување на премиер од десницата, сега парламентот има потреба од левицата.