Бизнис
14. December 2018 - 20:20

За невладините организации мерките за вработување се слаби, за Агенцијата успешни

Мали се ефектите, а потрошени се многу пари за активните програми и мерки за вработување. За четири години, од 2014 до 2017, искористени се 64 милиони евра, а стапката на невработеост е намалена за 5 отсто. Од над 800 лица кои биле анктерирани само 50-тина рекле дека мерките им помогнале да се вработат. Ова го покажува истражувањето на Здружението за родова еднаквост.

Агенцијата за вработување треба да размисли на кој начин овие активни баратели ги информира за мерките за вработување, вели извршната директорка на Здружението, Марија Савовска.

Од Агенцијата, пак го тврдат спротивното. Велат годинава мерките биле успешни. Опфатени се над 6000 луѓе, а искористени се 90 отсто од парите.

Активните мерки за вработување и политиките се на доброволна основа, ние не можеме невработените лица да ги принудиме во нив да земат учество во мерките за вработување, вели Билјана Јованова, директорка на Агенцијата за вработување.

Според податоците на Здружението, половина од граѓаните немале интерес да се пријавуваат како невработени. Две третини од регистрираните воопшто не се запознаени со мерките.