Македонија
4. јуни 2018 - 9:21

За непрописно паркирање казни за 244 возила во Скопје

За непрописно паркирање викендов на подрачјето на Град Скопје изречени се мерки за 244 возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 37 возила. 

Според полицискиот извештај на СВР Скопје, за време на викендот се случиле вкупно 15 сообраќајки од кои во две имало две потешко повредени лица. Во седум сообраќајки има полесно повредени лица, а во шест е причинета материјална штета.

За викендот евидентирани се 88 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучени се 59 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 20 возачи пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и седум возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и 31 нерегистрирано возило и едно технички неисправно возило. 

За време на викендот нема превземени мерки против пешаци.