За неполни два дена запленети над 5,3 тони албанска марихуана
Во четири одделени акции италијанската, албанската, косовската и грчката полиција за неполни два дена запленија повеќе од 5,3 тони албанска марихуана.
Италијанската полиција во пристаништниот град Бари заплени 1.350 килограми марихуана и уапси двајца албански државјани.
Дрогата од албанскиот брег била транспортирана со моторен чамец. Поморската полициска патрола, Гуарда ди финанца, го забележала чамецот, почнала да го следи и по неколку часа чамецот бил запрен.
Според полицијата уапсени се Г.И (24) и Б.К. (52).
Во меѓувреме албанската полиција во Тирана заплени 102 килограми марихуана. Уапсен е Б.Ц. (42), приведен па ослободен е неговиот шеснаесетгодишен син, кој ќе се брани од слобода, додека полицијата трага по А.С. (23) .
Полицијата запленила и три автомобили и пет мобилни телефони.
Дрогата, според првичната истрага, била наменета за тиранскиот нарко пазар, каде тие биле „активни“ подолг период.
Вчера попладне, исто така, косовската полиција уапсила двајца албански државјани и запленила 3.785 килограми албанска марихуана.
Дрогата била запленета во селото Малишево, кај Гњилане, откако полицијата ја открила во возило при контрола.
Завчера навечер, во близина на градот Коница, на 14 километри од грчко-албанската граница, запленети се над 210 килограми марихуана, откриени во возило на 64-годишен грчки државјанин. Уапсени се и двајца албански државјани на 27 и 34 годишна возраст, кои со нивниот автомобил биле во улога на претходница.
Дрогата до граничната линија била донесеана со коњи, по што била скриена во напуштен магацин во периферијата на Коница. Уапсените признале дека крајната дестинација на дрогата била Атина.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово