-->
-->
За неполн месец трет пожар на депонијата во Македонска Каменица
-->
Доцна попладне екипи на Територијалната противпожарна единица спречија ширење на огнот кој по кој знае кој пат повторно ја зафати градската депонија во Македонска Каменица. Во гаснењето на пожарот како што информираше Малин Трајчевски, командир на ТППЕ од Македонска Каменица учествувала и крупна механизација од Јавното претпријатие „Камена Река“.
-Денес повторно интервениравме на пожар кој избувна кај депонијата во Македонска Каменица. Ширењето на огнот беше спречен од нашата брза интервенција, за која имавме помош од крупна механизација од ЈП Камена Река. И овој пат, сметаме дека станува збор за подметнат, односно намерно предизвикан пожар, соопшти Трајчевски.
Пожарникарите од Македонска Каменица, се уште немаат одговор поради кои причини несовесните се решаваат за предизвикување на ваквите недозволени дејства. ТППЕ од Македонска Каменица апелира до граѓаните доколку забележат вакви случаи на недозволено палење на оган на отворен простор, истите навремено да биде пријавени.
Случајот и овој пат е пријавен во полиција, од каде е најавена соодветна истрага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација