Македонија
26. September 2019 - 20:38

За напад на полицајци приведен 23-годишен скопјанец

Синоќа во 23.45 часот во Полициска станица Карпош бил приведен Д.А.(23) од Скопје, бидејќи во 21.20 часот на ул.„Јуриј Гагарин“ физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.