-->
-->
За Милена зборува цел Балкан: Сама се грижи за 4 ќерки, 40 крави, 8 овци, а се брани и од волци
-->
Откако нејзиниот сопруг за жал ги напуштил, 34-годишната Милена Совиљ Плечаш сама се грижи за 4 ќерки и голем селски имот.
„Сѐ имаме и добро живееме“, вели Милена за рватскиот портал „24 sata“. Таа вози трактор, коси трева, меша малтер, готви, пере, ја средува градината…
Таа е моќна самохрана мајка на четири малолетни деца која се снаоѓа во земјоделието, сточарството, домаќинството, градежните работи и воспитувањето на деца, вози трактор и се грижи сѐ совршено да функционира.
Од волците кои доаѓаат понекогаш до нејзиниот имот во селото близу Грачаца, се брани таа што пука петарди.
„Ќерките некогаш ми помагаат, а некогаш не сакаат, Но никогаш не им е досадно. Си играат со кучиња и со овци, за кои мислат дека се домашни животни, бидејќи деца во соседството нема. Ако нешто не им се прави, секогаш може да шетаат низ шумата“, вели Милена, а девојчињата признаваат дека никогаш не им е досадна бидејќи природата е полна со изненадувања.
– Тука има многу лисици, а еднаш видовме и јазовец – весело раскажуваат миленичките на Милена, за авантурите кои ги доживуваат додека нивната мајка работи.
– Самата косам, седнувам на тракторот и косам а подоцна ја земам искосената трева. Соседите ми помагаат понекогаш. Ги викам на кафе и ги зезнувам за да ми помогнат… се снаоѓам некако. Работниот ден започнува во 9, а завршува кога ќе паднам со нозете, додава Милена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та