Свет
21. October 2018 - 20:39

За миг се слушнаа вресоци и журката заврши крваво: Во еден момент сите танцуваа, а во другиот пропаднаа низ подот

Ноќеска повеќе десетици лица се повредени во уривањето на подот во текотна забава во  станбена зграда во близина на Универзитетот Клемсон, а американската сојузна држава Јужна Каролина.

Полицијата наведува дека 30 лица со повреди се префрлени во локалните болници.

Се наведува дека инцидентот се случил 30 минути по полноќ на првиот кат од зградата која се наоѓа на неколку минути пеш од универзитетскиот кампус. Централниот дел од просторијата која била изнајмена за приватна забава буквално пропаднал во подрум.

Телевизијата наведува дека студентите од Клемсон го одбележувале почетокот на новата академска година и ја славеле синоќешната убедлива победа на тимот на тој универзитет против ривалот од Државниот универзитет на Северна Каролина во американски фудбал.

На видео снимките направени пред самата несреќа се гледа маса луѓе како скокаат и танцуваат, кога наеднаш подот под нив попуштил.

„Таман кога тргнав да излезам на врата, почувстував дека нешто чудно се случува и тогаш сите едноставно пропаднаа и типот кој стоеше покрај мене исчезна. Сите врескаа и плачеа. Се вртев наоколу, беше целосно надреално да се гледаат луѓето кои пред малку беа на катот, а сега се во подрумот“, рече 20-годишниот учесник на журката Рејвен Гера.

Еј-Би-Си њуз пренесува наводи од локалните власти дека сите повредени се извлечени од зградата и дека никој не останал затрупан.

Се наведува дека полицијата ја истражува причината за инцидентот.