Балкан
6. November 2016 - 11:08

За миг се претвори во жив факел: Дете се качи на вагон и фати струен кабел

Шеснаесетгодишниот Ј.К. од Јагодина загина синоќа околу 23 часот на меѓународната пруга неколку стотини метри од центарот на градот, кога се качил на напуштен вагон и фатил жица под напон.

Ова е трет вакво случај во изминатите неколку години кога момчиња се качуваат на стари вагони и гинат од електричен напон.

-Тој со другарот дошол до напуштените вагони и се качил и покрај предупредувањето од другарот да не го прави тоа. Според приказната од другарот, се исправил и ја фатил жицата и тогаш нешто пукнало и детето се претворило во жив факел. Пожарникарите кои дошле подоцна не можеле да го изгаснат, велат очевидци.

Другарот повикал и итна помош, но на момчето му немало спас. Тоа умрело во моментот на ударот.

-Овде често се случуваат несреќи на пругите, но и на вагоните. Не ми е јасно зошто не ги поместа. Ова е трета смрт на дете на вагон. Не треба да фатат жица, доволно е да се исправат и да загинар, зошто напонот е висок и зафаќа се во пречник од 2 метри, вели чуварот на железничкиот премин.

И станарите на блиските куќи барале да се тргнат вагоните, ама никој не реагирал.