-->
-->
За Меси Русија е последна шанса!
-->
Светското првенство во Русија е последна шанса за оваа аргентинска репрезентација да освои титула, тврди Лионел Меси и дополнува дека доколку не се случи тоа, тогаш сите треба да се повлечат.
Лионел Меси е најдобриот играч на Аргентина, сам ја однесе репрезентацијата на Светското првенство во Русија, но и покрај тоа тој често е критикуван поради фактот дека неговата генерација не освоила ништо.
Последниот голем трофеј Аргентина го има освоено во 1993 година кога победи на Копа Америка.
„Луѓето чекаат овој состав да биде расформиран бидејќи долго не освоил ништо, а и критичарите се уморни што ги гледаат истите лица во националниот тим. Мислам дека Светското првенство во Русија е наша последна шанса тоа да го смениме. Поради тоа расте возбудата. Доколку не оствариме забележителен резултат, целиот тим треба да се повлече. На сите ќе ни биде тешко да продолжиме понатаму во случај на неуспех бидејќи со години сме во репрезентацијата“, рекол петкратниот освојувач на „Златната топка“.
Меси со Барселона осум пати ја освојувал шпанската лига, а четири пати победил во Лигата на шампионите, но со Аргентина нема ниту една титула во сениорска конкуренција.
На последното Светско првенство во Бразил во финалето Аргентина загуби од Германија.
Никогаш не ги гледам претходните финалиња. Ги имам само сеќавањата. Заслуживме трофеи бидејќи игравме добро, имавме свои шанси и на Копа Америка и на светските првенства. Заслуживме да освоиме најмалку два трофеја“, дополнил Меси.
Аргентина на Светското првенство ќе игра против Хрватска, Исланд и Нигерија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО