Свет
23. February 2017 - 18:11

За Меркел буџетскиот суфицит од 7,7 милијарди евра не е голем

Рекордниот буџетски суфицит на Германија во 2016 година од 23,7 милијарди евра на сите нивоа на владеење не е толку голем како што се чини, смета канцеларката Ангела Меркел.

„Ако го погледнете само федералниот буџет, плусот е прилично мал“, изјави деенска канцеларката по средбата со својот литвански колега Саулис Сквернелис , јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според Меркел владата ќе продолжи да ги зголемува трошоците на полето на домашната безбедност, социјалните трошоци и одбраната. Германија како што веќе вети во неколку наврати ќе мора да стигне до нивото од 2 отсто од својот национален доход на што инсистира и новата администрација во Вашингтон.

„Во исто време не сакаме да направиме нов долг. Со тоа просторот за маневар е прилично ограничен“, изјави Меркел негирајќи ги тврдењата дека суфицитот на федералната влада во Берлин од 7,7 милијарди евра е доволен за нов бран инвестиции во државната инфраструктура. Минатата година Германија на федерално ниво имаше суфицит од шест милијарди евра.