Фудбал
7. April 2017 - 15:22

За Мане сезоната заврши

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп на денешената прес конференција во пресрет на утрешниот натпревар со Стоук потврди дека повредата на играчот на Ливерпул Садио Мане е сериозна и дека за него сезоната е завршена
- Мане мора да биде опериран. За него сезоната е завршена, изјави кусо Клоп на пресот.
Мане повредата ја доби на дуелот со Евертон одигран во сабоата, што заврши со победа на Ливерпул од 3:1. Репрезентативецот на Сенегал оваа сезона одигра 27 натпревари во Премиер лигата за „црвените“ и постигна 13 голови со што е најдобар стрелец на тимот.