За малку ќе погребале погрешна жена, семејството доживеало шок кога сфатило кого оплакува
Кога влегов во мртовечницата, ме одведоа до телото на кој стоеше картон со името на мојата мајка. Ја препознав нејзината гардероба и без многу размислување го презедов телото.
Меѓутоа, за малку ќе погребале друга жена наместо нејзината мајка. Се се случило во околината на Бањалука, а малку фалело семејството на 80-годишната старица да погребе друга почината.
Имено, тие,од мртовечницата го презеле телото на баба која починала истио ден како и нивната мајка, а „погрешната“ покојна веќе ја оплакувале и тажеле кога сфатиле дека не е нивната.
Објасниле дека од мртовечницата презеле тело на друга жена, која била облечена во гардеробата на нивната мајка. Најголемата забуна настанала кога на картонот покрај телото го пишувало нејзиното име.
-Кога „мајката“ ја однесовме дома, забележав дека нејзиното лице е изменето, но тоа го припишав на промените на телото кои настапуваат по смртта. Ми беше чудно и тоа што вратот и беше малку искривен. Дури подоцна дознав дека тоа е последица на мозочниот удар од кој починала другата жена. Кога го отворивме ковчегот, плачевме и тажевме, не насетувајќи дека плачеме врз непознато лице.
-Меѓутоа во еден момент малку присебните членови од семејството забележаа дека нешто не е во ред, односно дека жената во ковчегот не може да биде нашата мајка. Веднаш се јавивме во мртовечницата и им објаснивме дека презедовме погрешно лице. Целата ујдурма траела два часа, а до забуна дошло поради поставувањето на картон со погрешно име покрај телото, такао што двете семејства згрешиле при идентификацијата, раскажа ќерката на починатата жена.
-Кога влегов во мртовечницата, ме одведоа до телото на кое стоеше картонот со името на мојата мајка. Ја препознав нејзината гардероба и без многу размислување го презедов телото.
Бев многу потресена поради нејзината смрт, така што не мислев на ништо друго. Меѓутоа, набрзо по доаѓањето дома, сфативме дека, тоа не е таа. Среќа што не ја погребавме жената што ја зедовме од мртовечница, зошто тогаш ќе имаше поголем проблем. Ќе мораше да ја откопуваме, вели таа.
Апсурдот да биде поголем, и членовите на семејството на другата покојничка својата мајка ја „препознале“ во другата, но не ја презеле веднаш, туку планирале тоа да го направат непосредно пред погребот.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж