Македонија
17. December 2018 - 17:08

За лицата со хендикеп нема пристап дури ни во дел од здравствените установи

Во голем број здравствени установи нема пристап за лицата со хендикеп а голем дел од нив не се вклучени во редовното образование. Целта на проектот Маргина Обскура што две години го спроведуваше Полио Плус е лицата со хедикеп да бидат активно вклучени во општествениот и политички живот, а тоа право им произлегува и од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп

Колку лицата со хендикеп се активно вклучени во општествениот и политички живот во земјата? Дали деца со телесен хендикеп без проблем можат да одат во редовно образование и имаат ли пристап до здравствените установи? Проектот Маргина Обскура на  Полио Плус чија цел е хендикепот во пристапувањето кон Европската Унија, дава одговори на овие прашања – Придвижувања има но уште многу треба да се работи на ова поле.

-Лицата со хендикеп се уште ги третираат како предмет на кого нешто треба да му се даде. Се уште има специјални награди и програми, а таа специјалност води до сегрегација, односно, до создавање на еден нменталитет на инвалидче, јас така тоа си го нарекувам, кога на лицата со хедикеп не им се овозможува да учат, да се борат, да се бунтуваат, вели Звонко Шаврески, претседател на Полио Плус.

Полио Плус е активен на полето за инклузија на лицата со хендикеп потврдуваат и поддржувачите на Маргина Обскура. Но велат дека за влез во Европската Унија мора да се сменат многу работи и на национално и на локално ниво.

-За Македонија да ја видиме како дел од ЕУ, се уште има потреба од прогрес и развој, вели Сибил Сутерд Тејада, амбасадор на Швајцарија во Македонија

-И извештајот на ОН за попреченост и развој покажува дека  лицата со потребни потреби не се доволно вклучени во системот како активни чинители, деца со инвалидитет не се примени во училиште поради нивната порепченост, вели Клеменс Која, амбасадот на ОБСЕ во Македонија

Целта на проектот Маргина Обскура кој е подржан од Европската Унија е не само промена преку законодавството туку и потреба од подигнување на свеста на пошироката јавност преку создавање на колективна одговорност.