Loading Video...
Фудбал
23. May 2020 - 19:12

За кого се грижи ФФМ за здравјето на фудбалерите или за остварување на нечии интереси?!

ЗА КОГО СЕ ГРИЖИ ФФМ?
ЗА  ЗДРАВЈЕТО НА ФУДБАЛЕРИТЕ И ФУДБАЛСКИТЕ РАБОТНИЦИ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА?
ИЛИ ЗА БИСНИ С ИНТЕРЕСИ НА ЕДЕН ИЛИ ДВА ФУДБАЛСКИ КЛУБА?
И по вчерашниот состанок на представниците на прволигаши со раководството на ФФМ, сеуште 
нема одлука ШТО ПОНАТАКА СО МАКЕДОНСКИОТ ПРВОЛИГАШКИ ФУДБАЛ? ФФМ заговара 
продолжување на првенството во систем play oФ  и play out без испагање. 
 Според нашите неофицијални информации од моментално шест те првопласирани екипи на 
табелата четири се за прекин на првенството а една е воздржана, знач без став.
Оваа јасно покажува дека раководството на ФФМ отворено кокетира со поедини клубови од 
причини познати само за нив.
Согласно Статутот на ФФМ единствен организатор на на фудбалското  првенство е токму ФФМ. 
Наместо раководните структури при ФФМ да донесат одлука согласно Статутот и пропишаните 
пропозиции, како и согласно уредбите донесени од Владата за борба против корона вирусот, тие 
си бараат алиби и  бранат интереси на еден или два клуба.
Продолжување напрвенството  со play o6 i play out не е во согласност со пропозициите за Прва 
Македонска лига за тековната 2019/2020 со кој детално е уреден начинот натпреварување. 
Согласно тоа, секоја одлука на Управниот одбор на ФФМ спротивна на веке пропишаните 
пропзиции ке се смета за незаконита доколку не  произлегува во прв ред од одлуките на 
државните органи надлежни во областа на здравството.
Во пропозициите е точно  утврдено дека натпреварувањето во Прва МФЛ за сезона 2019/2020 
Треба да се игра во  4 круга.
Во вонредни услови доигрувањето на првенството мора да биде согласно Пропозициите, 
запазувајки ги принциппите на УЕФА за објективност, транспарентност и рамноправност за сите 
екипи.
Доколку се донесе одлука да нема испагање, а приотоа продолжи натпреварувањето уште за 9 
кола, како што е предложено од страна на ФФМ, тогаш таквиот формат го руши интегритетот на 
натпреварувањето и остава сериозен простор за незаконито влијание на конечниот исход на 
голем број натпревари кој што би се доиграле до крај на првенството.
Во неколкуте држави како о Германија каде продолжи првенството се доигруваат заостанатите 9 кола без менување на системот.
Во Србија и Словачка, екипите имаа повеке од 35 дена за подготовки за да доиграат само 5 кола 
по веке започнат систем за натпреварување.
Многу побогати и со постабилен здравствен систем држави како Франција, Холандија, Белгија, 
Шкотска, Кипар ги прекинаа своите фудбалски првенства, Тамошните фудбалски власти се грижат 
за здравјето на фудбалските работници.
Кипар и покрај прогласувањето на победа над корона вирусот официјално го прекина 
фудбалското првенство.
ФФМ во време на вонредна состојба, во време кога во Македонија пандемијата не го намалува 
интензитет, во време кога има рестриктивни мерки сака на мала врата а со цел испонување на 
желби на поедини клубови да се игра фудбал.
Го повикуваме Управниот Одбор на ФФМ, тело кое ке треба да ја официјализира оваа скандалозна
и криминална одлука на раководните луге во ФФМ, при одлучувањето да се води според Статутот 
на ФФМ, според Правилникот за натрпеварувачка сезона 2019/2020. Одлуките да ги носи согласно
уредбите на Влада и Министерство за Здравство, и пред се да носат одлука во интерес на 
здравјето на сите чинители на фудбалската игра а не во интерес на поедини структури при ФФМ и 
поедини клубови.
Да го повикат Комесарот за натпреварување и да им објасни како го утврдил денот 14 јуни за 
продолжување на првенството, ако знаеме дека се потребни минимум 21 ден за мини подготовки
на фудбалерите, ако знаеме дека во важност е уредбата со забрана за колективни тренинзи, ако 
знаеме дека Македонија границите ги отвара после 15 јуни. (изјава на Филипче за 24 вести каде 
кажува и за отварање на границите и за 14 дена самоизолација)
Се надеваме дека разумот кај членовите на Управниот одбор ке надвладее и ке донесат одлука 
пред се во интерес на здравјето на фудбалерите, фудбалските работници и нивните семејства.