-->
-->
За јавно осветлување во Крива Паланка во 2017 година обезбедени 14 милиони денари
-->
Со 14 милиони денари ќе се реализираат активностите за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување во општина Крива Паланка за 2017 година.
Програмата ќе опфати изработка на техничка документација, изградба на јавно осветлување, реконструкција на постојнито инсталиран систем за јавно осветлуавње, довршување на јавното осветлување со псотавување на дополнителен број светилки и тековно одржување на јавното осветлување и реконструкција на мерниот систем за јавно осветлување.
Во делот за изработка на техничка документација ќе бидат инвестирани 300.000 денари, со кој ќе се изготви документација за јавно осветлување на новиот пат до манастирот, т.н „Руски пат“, на локацијата од спој на ул.Вардарска со М2 - м.в „Тополки“ и по потреба за други локации.
Сегментот изградба на јавното осветлување ќе вклучи изградба на јавното осветлување и проширување на мрежата кон следните локации: дел од обиколницата на потегот кон населба Бегови бавчи и кон мостот кај клучката на влезот во градот, на пешачката патека од градкси зелен пазар - „Шанин мост“ и локалитет зелен пазар, спој на ул. Вардарска кај Тополки и други локации, за што вкупно ќе се потрошат 4,2 милиони денари, додека 9,6 милиони денари се проектирани за потрошена електрична енергија за јавно осветлување.
Најголемиот дел од средствата за реализација на севкупната Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување во општина Крива Паланка за 2017 година, околу 12 милиони денари, ќе бидат обезбедени од приходи од наплата на такса за јавно осветлување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски
-
Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела
-
Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник
-
На Шар Планина спасен чешки повреден планинар