Македонија
24. December 2019 - 21:29

За инцидентот со „Шверцери“ во МНТ директорката казнета со 3 месечни плати по 15%

Владата на денешната седница донесе одлука да ја казни директорката на МНТ, Симона Угриновска за инцидентот со навивачката група „Шверцери“ кога се однесуваа недолично и искршија дел од инвентарот.
 
-Владата го задолжи Министерството за култура во соодветна постапка да ѝ наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена за време на настанот, а на директорката да и биде изречена казна со намалување на платата за 15 проценти во траење од 3 месеци затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор, соопштија од Владата.