Балкан
9. March 2018 - 17:31

За Хрватска 13 нови авиолинии од Германија

 - Голем број авиокомпании најавија нови летови од Германија до Хрватска, пишува „Пословни дневник“. 

Директорот на Хрватската туристичка заедница Кристјан Станичиќ изјави дека Хрватска на германскиот пазар е многу барана дестинација.

- Во тој контекст клучна улога имаат авиолиниите. Особено не радува најавениот распоред на летање кој кај најголемите авиопревозници подразбира воведување нови линии и зголемување на постоечките летови, рече Станичиќ.

Според него, најголем број нови директни авиолинии се најавени од Германија, вкупно 13.  

- Голем број авиопревозници како што се Изиџет, Јуровингс, Рајанер, Луфтханса и Кондор најавија нови летови за Задар, Риека, Пула, Сплит и Дубровник, рече Станичиќ и додаде дека тие се однесуваат на периодот околу сезонат