Македонија
15. September 2018 - 16:16

За градоначалникот на Демир Хисар се води истрага и затоа не се обратил на трибината за референдумот

Никогаш повеќе нелегално прислушување во Македонија, гарантира премиерот Заев.. Според него, заканите од градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски дека се прислушуваат наставниците е личен порив.. Премиерот не открива дали побарал оставка од Стојановски, вели ќе ги чека резултатите од истрагата на полицијата но додава оти заради видеото кое се појави во јавноста, синоќа градоначалникот немал обраќање во Демир Хисар..

Пред една недела се појави снимката на која градоначалникот на Демир Хисар на состанок со вработени во основното училиште Гоце Делчев, изјавува дека претходно работел во МВР па ги слуша нивните телефонски јавувања..

Градоначалникот на Демир Хисар пак изјави дека видеото е извадено од контекст и било не целосно.. Вели тоа бил состанок одржан во јануари на кој се разговарало за претходна прераспределба на две наставнички, а за средбата го информирал и Министерството за образование..

По објавената снимка, Стојановски заврши на распит во полицијата.. Од МВР информираа дека за случајот на службен разговор биле повикани и лицата кои биле присутни на средбата со градоначалникот во основното училиште..