Живот
7. July 2015 - 14:11

За ерекција од 6 дена добил 750.000 долари

Поранешен затвореник го тужеше затворот во Менхетен бидејќи таму го натерале да трпи болна ерекција 6 дена и за тоа добил 750.000 долари. 

51-годишниот Родни Котон изјавил дека го третирале „полошо и од куче“ во затворот во Менхетан, бидејќи имал траен и непријатен ефект од лековите за депресија кои му ги давале таму.

Котон вели дека поради недостиг на медицинско внимание довело до тоа да биде импотентен.

- Почна да ме боли, и реков: „Каков ѓавол се случува“. Не сакаше да ми се спушти - раскажува Котон.

Тој веднаш им се пожалил на затворските чувари за да го однесат во болница, но тие му рекле мора да се стрпи да поминат празниците.