Македонија
24. јуни 2019 - 16:11

За експертите ,,метлата‘‘ во Владата не ги исполнила очекувањата

Метлата на Заев помина но на Илиндеска и натаму треба длабинско чистење. Експертската јавност негодува по објавата на реконструираниот владин состав.

Одлуката на премиерот истовремено да биде и министер за финансии за експертската јавност е погрешен чекор. 

Според нив, Заев се нашол во ситуација во која веројатно не можел да најде човек за оваа функција.

И Клековски и Божиновски се согласуваат дека последната метла само го потврди впечатокот дека ДУИ остануваат недопирливи во Владата на Заев.

Дел од аналитичарите сметаат дека промената во владините редови позитивно ќе се одрази врз квалитетот на живот на граѓаните.

Предлогот на премиерот Заев пред пратениците ќе се најде во среда. За секој министер да биде избран потребно е апсолутно мнозинство од 61 пратеник.