За една седмица на островите во Егејското Море пристигнале 2377 бегалци и мигранти
Во периодот од 26 август до 1 септември, на островите во Егејското Море пристигнале 2377 бегалци и мигранти, бројка што е повисока во споредба со една седмица претходно, но и речиси четирипати поголема споредена со истиот период лани, покажуваат податоците од УНХЦР- Грција, jави дописничката на МИА од Атина.
Според неделниот преглед на ситуацијата на островите во Егејското Море, просечните дневни пристигнувања се 340, а од 2377-те лица, мнозинството (1643) пристигнале на Лезбос. Една седмица претходно, пристигнувањата достигнале до 1768, а во истиот период, од 26 август до 1 септември 2018, само 670 бегалци и мигранти од турското крајбрежје стигнале на островите во Грција.
-Околу 25250 бегалци и мигранти престојуваат на островите во Егејското Море. Поголемиот дел се од Авганистан (43 отсто), Сирија (12 отсто) и Демократска Република Конго (10 отсто). Жени се 22 проценти од популацијата, а деца 36 отсто, од кои речиси шест од 10 се помали од 12 години. Околу 18 проценти од децата се без придружба или одвоени, главно од Авганистан. Околу 37 отсто се мажи од 18 до 39 години, пишува во неделниот извештај од УНХЦР-Грција.
Според истите податоци, на Лезбос има 11765 бегалци и мигранти, на Самос 4517, на Кос 3525, на Хиос 2844, на Лерос 2052 лица.
Од почетокот на годинава, заклучно со 1 септември во Грција пристигнале 33999 бегалци и мигранти, од кои 26078 по морски пат.
Ново на Сител
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура