Македонија
14. March 2019 - 16:09

За една недела четири смртни случаи од свински грип, досега починаа 15 лица

Четири лица починале од грип минатата недела во земјава. Смртните случаи дури денеска ги објави ИЈЗ во неделниот извештај. Двајца од починатите се од Скопје, а по еден од Охрид и Тетово на возраст од 50 до 63 години.

Двајца пациенти починале на Инфективната клиника, а двајца во ГОБ 8 септември. Кај сите лабораториски бил потврден таканаречениот Свиснки грип.

Со новите 4 смртни случаи, за месец и половина од компликации од грип починаа 15 лица. Минатата недела во ИЈЗ биле пријавени околу 2.500 новозаболени. Епидемиолозите очекуваат висока активност на грипот и наредниот период.