Бизнис
31. March 2019 - 16:34

За една година зголемен бројот на вработени во јавниот сектор за 3.300 луѓе

Јавниот сектор во државата лани имал повеќе вработени во споредба со 2017-та.. Ова го покажува извештајот на Министерството за информатичко општество и администрација за бројот на работните места во државни институции.. Зголемување има за над 3 илјади – бројот на вработени во 2017-та изнесувал 128 722, а минатата година се регистрирани 132 068 работни позиции.. Министерот Манчевски уверува дека реализираните вработувања биле неопходни бидејќи се пополнувале места каде недостасувал стручен кадар..

Според Манчевски, минатата година имало намалување на бројот на вработени во органите на државната власт каде се регистрирани 16 и пол илјади вработени..

Опозицијата денеска обвини дека власта ја продолжува праксата на партиски вработувања.. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во пресрет на изборите е распишан оглас за 22 вработувања во Царинската управа..

Министерот Манчевски вели најавените вработувања во Царинската управа е одлука на институцијата и вели дека постојат отстапки при распишување огласи за вработувања непосредно пред избори доколку за тоа има неопходна потреба..