Бизнис
16. February 2017 - 21:00

За една година над 200 објави за охрид во медиумите ширум светот

Главниот туристички центар во рекорден обем застапен на светските пишани и електронски медиуми. На интернет страната на National Geographic Охрид се вбројува во десетте природни и исторски богатства на Македонија кои треба да се видат.  Се наведува дека Охридското езеро е едно од најстарите езера во светот a градот една од најстарите населби во Европа, под заштита на УНЕСКО а се најде и на насловната страница на престижниот магазин за туризам во Чешка „Like“ .

Во текстовитет значаен дел зазема и националната кујна и пијалоци како што е ракијата, македонското гостопримство и желбата за меѓусебно дружење.

Инаку изминатата година Охрид се најде на репортажи и натписи во над 200 светски реномирани медиуми, телевизиски куќи, магазини и портали .