Македонија
21. јуни 2018 - 15:02

За еден месец во Гостиварско два центра за ран детски развој

Во Форино и Чегране до крајот на идниот месец ќе бидат отворени два центра за ран детски развој, а ваков капацитет до септември треба да се отвори и во Равен. Планирано е и реновирање на една од градинките во Гостивар.

Како што изјавија денеска од локалната самоуправа по увидот на терен, родителите од Форино ќе добијат можност за згрижување на дечињата во градинка. Капацитетот засега ќе биде четириесетина деца од предшколска возраст и за оваа намена се издвоени над еден милион денари општински пари.

Наскоро ќе почне и реновирањето на градинката „Детска Радост“ во Гостивар со што, беше речено, ќе се подобрат условоте за згрижување и престој на децата.