За еден час 90 сообраќајни санкции во Битола
Министерството за внатрешни работи продолжи да врши засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи.
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во Битола информира дека се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.
–До сега во три седмици откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се околу 12.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената, нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата. Само за еден час во денешната акциска контрола во Битола се изречени 90 санкции, пред се за пречекорена брзина, за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и други сообраќајни прекршоци, посочи Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше битолчани да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и потсети дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца