Македонија
16. April 2016 - 16:42

За два месеци стартува со работа гасоводот Клечовце – Штип

За помалку од два месеци  ќе почне да работи   Клечовце – Штип. Гасоводот е целосно изграден, во моментов се вршат техничките  поверки кои  за едне месец треба да завршат и низ овие цевки гасот треба да протече најдоцна до јуни.

Бенефитот од овој гасовод е голем, прво од него корист ќе имаат жителите од градовите кои се наоѓаат во негова близина,  како Свети Николе, Велес, Штип, а второ вовј гасвод е клучен за изградба на останатите делници, рече  Крсте Миладинов, директор на МЕР

Гасоводот од Штип до Неготино пак отиде во рацете на конзорциумот предводен од Кумановски Рапид Билд. Фирмата заедно со уште четири  компании Елте, Спектар Термо, Чакар Партнерс и Квалитет Пром од Скопје беа избрани да ја градат гасоводната мрежа во должина од 36 километри.  А за брзо ќе се знае кои  ќе  го  гасифицира  Полошкиот регион. Таму во трка се тринаесет компании во четири конзорциуми се во трка.  Во конкуренција се и домашни и стрнски фирми. Но конечната цена ќе зависи од електронската аукција. До 25 април ќе се знае кој ќе ги гради 76 те километри гасовод. Минатиот месец се објави и тендерот за гасоводот Неготино – Битола

Тонско- Крсте Миладинов- директор на МЕР

Изградбата на Клечовце Штип се финансира од клириншкиот долг, а за  другите три делници  во должина од 204 километри обезбедени се 90 милиони евра од Дојче банк и Ерсте Групацијата.