За девет месеци од Германија депортирани 4.500 албански државјани
Во периодот јануари-септември годинава, од Германија депортирани се 4.500 албански државјани, а се очекува да бидат депортирани уште 14 илјади.
- Ова е процес кој бара одредено време. Не можам да прецизирам верменска рамка за тоа кога овој проблем ќе добие решение,но многу е значајно да се каже дека патот на азилантите до Германија е грешка.На оние кои ќе бидат депортирани може да им се изрече забрана за влез во траење од пет години, посочува Сузане Шулц,германска амбасадорка во Тирана.
Годинава,според албанското МВР, бројот на албанските државјани кои заминале,како азиланти во Германија или некоја друга земја членка на ЕУ е видно намален,споредено со изминатите годни.
Инаку, во периодот 2014-2016 година, во некоја од земјите на ЕУ влегле над 118 илјади нелегални емигранти од Албанија. Поголемиот број од нив или 101 илјада биле депортирани,процес кој продолжува
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари