Бизнис
20. јуни 2016 - 19:52

За десетина дена и со префиксот 079 стартува виртуелниот мобилен оператор Лајка мобајл

За десет дена почнува со работа новиот виртуелен оператор Лајкамобил. Веќе се нотифицирале во Агенцијата за електронски комуникции и имаат добиено 175 илјади броеви. Префиксот под кој ќе оперираат ќе биде 079.  Влезот на витруелен оператор беше условот за да се дозволи спојување на  Вип и Оне. Првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации очекува до крајот на годината влез на уште неколку витруелни оператори.

Веќе има заинтересирани витрулни опеартори, некои ќе бидат фул даватели на услиги, а некои само препродавачи, изјави Сашо Димитриески, директор на АЕК

Во меѓувреме, се подготвува пазарот за распишување тендер за трет мобилен оператор. До крајот на годината ќе се прават пресметки, односно колку фрекфенции ќе треба да вратат ВИП и ОНЕ, кои потоа ќе им се доделат  третиот оператор

Ќе ги искористиме сите законски норми, и половина од фрекфентниот спектар кој ќе треба да го вратат Вип и ОНе да се додели на новиот мрежен оператор. Со таа процедура би забршиле до крајот на годината, и некаде првата половина од наредната година че биде објавен јавниот повик за влез на трет мобилен опеарор, диодава Димитриески

Спојувањето на ОНЕ и ВИП, според анализата на пазарот ја зголеми цената на телефонскиот имопулс за 15%, додека пак цената на користењето интернет за 20 отсто. Од АЕК велат, дека приоритет им е штитењето на правата на граѓаните, а со влезот на витруелните и мрежен оператор , повторно се очекува стабилизирање на цените на користењето на мобилните услуги