Бизнис
18. August 2016 - 16:12

За десет дена земјоделците ќе знаат дали ќе можат да ги користат поплавените ниви

За 10 дена ќе се знае дали земјоделците од поплавените подрачја ќе можат да се вклучат во есенската сеидба. Земени се примероците за првите анализи а во наредниот период ќе се испитаат сите површини. 

Надлежните информираат дека ако се утврди дека почвата е загадена, државата ќе ги превземе сите неопходни мерки за да им помогне да се врати земјата во првобитната состојба.

Од ресорното министерство потсетуваат дека државата 100 % ќе ги обештети сите земјоделци чиј род е уништен со поплавите, без разлика дали се регистрирани или имале само бавчи.

Досега е завршена проценката на оштетените земјоделски површини на околу 900 лица.

Обезбедени се и околу 30 тони добиточна храна, за која можат да се пријават сите земјоделци на кои невремето им ја уништи храната за добитокот.