Бизнис
25. November 2016 - 13:53

За десет дена откупени над 1.500 тони тутун, просечната цена 186 денари

За десет дена од почетокот на откупот на тутунот, 15 ноември, четири откупувачи заклучно со вчера преземаа вкупно 1.582 тони од годинашната реколта.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, просечната откупна цена е 186,50 денари по килограм, а според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 34,91 отсто или досега се исплатени 103 милиони денари.

- Според првичните проценки, се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишаа 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември, информира Министерството.