Свет
5. April 2017 - 10:33

За деминирање на Ирак и Сирија ќе бидат потребни меѓу 40 и 50 години

Ќе бидат потребни меѓу 40 и 50 години за прочистување на мините, рачно изработените експлозивни направи и другото неексплодирано оружје во Ирак и Сирија, изјави директорот на Службата за деминирање при Обединетите нации (УНМАС), Агнес Маркају. 

На конференцијата, која се одржа вчера во седиштето на ОН во Њујорк, Маркају изјави дека УНМАС смета дека меѓу 170 милиони и 180 милиони долари годишно се потребни за прочистување од мини и други неексплодирани направи на териториите, кои биле под контрола на ИД во Ирак. 

Според неа само за деминирање на Мосул ќе бидат потребни 50 милиони долари годишно.