Живот
26. January 2017 - 11:18

За да се спаси од сопругата ограбил банка и завршил во затвор

Седумдесетгодишниот Американец Лорес Рипли од Канзас Сити ограбил банка за од сопругата да побегне во затвор?!.
 
Рипли на шалтерскиот работник во банката му дал лист со напишана порака дека е вооружен и дека бара да му се дадат парите од сефот на банката.
Во судскиот извештај пишува дека Рипли  земал 3000 долари и потоа мирно седнал пред соседната банка и на чуварот му кажал дека е тој лицето кое полицијата го бара за грабеж на банка.
 
На судењето Рипли е прогласен за виновен за грабеж на сојузна банка во Канзас и во моментов се соочува со казна од 20 години затвор.
 
Судијата и адвокатите сега го разгледуваат целиот случај и размислуваат која е соодветната каза за оваа лудост на 70 –годишниот Рипли.
 
Агент на ФБИ во судскиот процес истакнал дека пред грабежот Рипли имал вербална расправија со својата жена на која и кажал дека пишува порака за да ограби банка. Но, интересно на судскиот процес неговата сопруга цело време била крај него.