Живот
11. January 2017 - 9:01

За да дознаете каква ќе биде годинава свртете на страницата број 117

Иако изминаа само 10-тина дена од новата 2017 година, на интернет веќе се појави трик кој го претскажува Вашиот живот во наредните 365 дена.

Сакате да знаете каква ќе ви биде претстојната година? Само отворете ја првата книга што ќе Ви дојде при рака на 117-та страница.

Ретки се оние кои ќе одолеат на предизвикот.

Едноставноста на трикот е доволна за тој да ги опседне „зависниците од интернет“. Социјалните мрежи се полнат со објави и фотографии од страниците број 117.