Македонија
22. February 2021 - 9:39

За брзо возење 872 казни на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во рамки на зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на целата држава, казнила 872 лица.

Од нив, соопшти денеска МВР, 108 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, се наведува во соопштението од МВР и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.