Македонија
3. December 2021 - 10:54

За брзо возење 148 санкции на територијата на цела држава

 Казнети се 148 возачи во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Како што соопштија од МВР, 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 86 надвор од населено место