Балкан
16. February 2018 - 18:54

За блиндираното Ауди на српскиот премиер зборува цел Балкан: Моќното возило предизвика големо внимание, а еве кој му го поклонил на Вучиќ

Одлуката на обезбедувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тој во Загреб да се вози со своето претседателско "Audi A8L", предизвикала големо внимание во хрватските медиуми. Голема речиси како и самиот автомобил.
 
"Моќното возило", како што го нарекле хрватските медиуми, е лична донација на шеикот Мухамед бин Зајед за Србија. 
 
Потврдата на таа информација е добиена на Андирчевиот венец, а како што било соопштено, "Аудито" во Белград пристигнало пред неколку месеци директно од еден саем на автомобили.
 
Jutarnji List наведува дека во колоната од 15-тина црни лимузини и џипови на хрватската безбедност кои биле снимени на Авенијата Хрватска братска заедница, во очи влегувало само "Audi A8L".
 
"Станува збор за блиндирана верзија на лимузина од германскиот произведувач со нова балистичка заштита, чија каросерија е направена од материјал вообичаен за воени возила, отпорна е на куршуми од пушки, силата и е 425 коњски сили, а 100 километри на час развива за 6,5 секунди. Нето цената изнесува околу 135.000 евра", напишал "Jutarnji".
 
Не е прва донација
Шеикот Мухамед бин Зајед во 2013. година донирал три блиндирани "Mercedes GL500" на Министерството за одбрана на Србија, во времето кога Александар Вучиќ бил на чело на тој ресор. Автомобилите биле дадени на располагање на државните органи и користени за превоз на странски делегации кои престојуваат во Србија.
 
Еден "мерцедес" му бил даден на користење на тогашниот претседател на Србија, Томислав Николиќ.