Балкан
30. December 2018 - 15:00

За албанската опозиција единствено решение за спас земјата е заминување на Владата на Рама

Албанската опозиција со став дека единствено решение за спас на земјата е уривање на владата на премиерот Еди Рама.

Гостувајќи во тиранската телевизија Ора њуз, пратеникот на Демократската парија, поранешен шеф на дипломатијата и екс министер за правда, Алдо Бумчи, рече дека по падот на владата на Рама опозицијата ќе оди на избори,каде,според него и ќе извојува победа.

– Апсолутно, ДП ќе  оди на  избори и ќе победи, но тие избори мора да бидат ослободени од овој човек.Колку време ќе биде Еди Рама изборите нема да бидат слободни. Заминувањето на Еди Рама е единственото политичко решение, потоа одиме на избори. Ние, здружената опозиција, одиме на избори за да овозможиме земјата слободно да дише,- изјави Бумчи.

Во врска со реконструкцијата на Владата,што Рама ја направи деновиве, Бумчи вели дека тоа е потврда дека Владата паднала и оти премиерот е во паника.

-Овие потези се плод на паниката на Еди Рама и акумулираниот неуспех што не може да го затскрие никаква пропаганда. По шест години е јасно дека станува збор за неуспех. Првото нешто е колапсот на економијата. Половина од населението е на работ на егзистенција. Ако го смените поголемиот дел од владата, тоа значи дека премиерот признал капитулација,- смета Бумчи.

Експресно на ставот на опозицијата реагираше Рама иронизирајќи ја опозицијата со фото монтажа објавена на Инстаграм.
 
На фотомонтажата објавена од Рама се гледа како тегнат јаже лидерот на демократите, Љуљзим Баша,лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција,Моника Круемади,лидери на други опозицски партии и опозциски пратеници и напиша „кога ќе ја урнете,годината измина?