Loading Video...
Фудбал
26. September 2019 - 16:40

За Агим Ибраими нема фудбал до 2021 година !?

Дисциплинската комисија на УЕФА му изрече „драконска“ казна на поранешниот македонски репрезентативец и член на тетовска Шкендија, Агим Ибраими

УЕФА го суспендира Ибраими на 15 месеци, односно тој доби временска  суспензија од УЕФА до 31 декември следната 2020 година. 

Суспензијата на Ибраими му е изречена за инцидентот кој го направи на реванш натпреварот од 2-то квалификацискот коло за Лигата на шампионите, на дуелот против Дуделанж во Луксембург. 

На споменатиот меч, Ибраими во самиот финишот најнапред вербално, а потоа и физички го нападна главниот судијата, за што заработи црвен картон.

На Ибраими му останува да се надева дека по жалбата која ја има како право во рок од три дена, дисциплинците на УЕФА ќе се „смилуваат“ и дека ќе му ја ублажат казната, но прашање е колку и дали воопшто тоа ќе мине, а доколку одлуката остане не променета, тогаш Ибраими нема да игра фудбал до 2021 година.