Македонија
18. November 2015 - 14:13

За 9 години околу 50 лица го посетиле Клубот на лекувани алкохоличари во Неготино

Педесетина лица за девет години го посетиле Клубот на лекувани алкохоличари во Неготино, информира докторот психијатар Блаже Саздов.

- Еднаш седмично се собираат тие што апстинираат од алкохолизам и си даваат поддршка, со цел и понатаму да апстинираат и да не повторат со алкохолот. Некои од нив не се редовни, а други повторно се свртеле кон алкохолот и не доаѓаат. Кај десетина има целосен успех и тие можат да се пофалат со трајна апстиненција, објасни терапевтот Саздов. 

Тој соопшти дека е на располагање за стручни совети и лекување за сите оние кои имаат проблеми со алкохолот, а можат да му се обратат и членови на нивните семејства. Освен него, сите тие ја имаат поддршката и на социјалниот работник и медицинската сестра кои работат на оваа проблематика во градот.