Бизнис
1. October 2017 - 16:49

За 8 години Центарот за развој на југоисточниот плански регион реализирал 23 проекти вредни близу 114 милиони денари

За осум години центарот за развој на југоисточниот плански регион со поддршка на државата преку програмата за рамномерен регионален развој  на министерството за локална самоуправа и бирото за регионален развој реализирал 23 проекти вредни близу 114  милиони денари.

Проектите се реализирани во сите десет општини од југоистокот на државата,  а се насочени кон подобрување на инфраструктурата, развој на туризмот, екологијата и унапредување на претприемништвото.

- Како бројка можеби и не е многу. Се работи само за 23 проекти, меѓутоа наша цел е секогаш квалитетот, а не кванитетот, вели Жулиета Ѓуркова – раководител на центар за развој на ЈИ регион

Од министерството за локална самоуправа најавуваат дека ваквата поддршка на планските регионои ќе продолжи и во иднина.

-Во иднина ќе ги поддржуваме, поттикнуваме планските региони, ќе го зголемуваме учеството во финансирањето на планските региони и ќе ги градиме капацитетите и на самите плански региони , на осумте плански региони, вели Кирил Парталов – државен секретар во министерството за локална самоуправа.

Покрај континиураниот раст на средствата кои центрите ги добиваат за рамномерен регионален развој,  од министерството за локална самоуправа најавуваат дека во иднина ќе бидат направени и одредени реформи во самиот систем и наместо тие да се добиваат по повеќе од основи од неколку министерства  ќе  доаѓаат од еден центар.