Бизнис
26. јуни 2019 - 16:31

За 7 дена ќе се знае судбината на рудникот Иловица-Штука - жителитите продолжуваат со блокадите

До идниот вторник ќе се знае дали концесијата за рудникот Иловица – Штука ќе и биде одземена на компанијата Еуромакс Рерурсис. Владата ја задолжи Економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на бакар и злато.

Иако ваква одлука Владата донесе два пати досега немаше одлука дали да се одземе концесијата. Еколошките здруженија од струмичкиот регион овој пат се оптимисти дека компанијата нема да може да го изгради рудникот. Сепак, тие ќе продолжат со блокади, а ако е потребно ќе протестираат и пред Владата.

Од компанијата не добивме конкретен одговор за намерите на Владата.

Еуромакс се залага за заштита на интересите на двете страни на концесискиот договор, за бенефит на сите засегнати со проектот Иловица-Штука, особено локалната заедница, велат од компанијата.

Инвеститорот Еуромакс, договорот за концесија за експлоатација на бакар и злато од Иловица – Штука го потпиша во 2014. година. Мештаните уште тогаш беа против изградба поради тоа што станува збор за земјоделски регион. Од компанијата уверуваа дека нема да има штетни последици врз животната средина.