Бизнис
31. October 2018 - 13:09

За 6,8 проценти зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата во септември годинава  во однос на септември  лани е зголемен за 4,3 проценти, а пораст од 6,8 проценти бележи во периодот јануари -септември годинава споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот „рударство и вадење камен“ во септември годинава споредено со септември лани има пораст од 2,1 процент на бројот на работниците, во „преработувачката индустрија“ пораст од 4,7  проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 0,4  проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 7,3  проценти и „капитални производи“ за 17,2  проценти, кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ е на исто ниво додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 0,8 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за два процента.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 106.8.