Македонија
14. March 2020 - 20:26

За 48 часа се затвора Охридскиот аеродром

Аеродромот во Охрид „Св.Апостол Павле“ ќе биде затворен 48 часа по донесувањето на одлуката.

Освен тоа, се затвораат сите копнени гранични премини освен Деве Баир, Ќафасан, Табановце и Блаце.

Ова се само дел од најновите одлуки на Владата, во врска со заштитата и превенцијата од коронавирусот кои веднаш стапуваат во сила. Формиран е Главен координативен кризен штаб со кој ќе раководи претседателот на Владата, а во состав на сите заменици-министри, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој ќе сесостанува секој ден, веднаш по Комисијата за заразни болести.

Се забранува и влез на странски државјани и од земјите со среден ризик, освен оние за кои МВР ќе одлучи дека има посебен државен интерес да влезат во државата.

На секој граѓанин кој влегува во државава ќе му се издава писмена наредба за задолжителна самоизолација и истиот треба да ја потпише изјавата дека ќе изврши самоизолација под полна морална и кривична одговорност.