За 4,7 отсто повеќе странски туристи во август годинава
Државава во август годинава ја посетиле 216.321 турист, а се реализирани 904.740 ноќевања, што споредено со август лани, е зголемување за 2,2 процента, односно 2,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најбројни се туристите од Холандија, Хрватска, Шпанија,Израел, Австралија и САД.
Бројот на домашните туристи во август годинава во однос на истиот месец минатата година, е зголемен за 0,1 отсто, а на странските за 4,7 отсто. Кај домашните туристи има за 0,9 отсто повеќе ноќевања, а кај странските за 7,4 отсто.
Во периодот јануари – август годинава во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,1 отсто, кај домашните за 1,3 проценти, а кај странските за 2,7 проценти. Кај ноќевањата зголемувањето изнесува 1,5 отсто, при што кај домашните 0,3 оттсо, а кај странските 3,2 отсто.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација