Бизнис
31. July 2018 - 20:07

За 4 години изградени само 8 километри од железничката пруга кон Бугарија

За четири години изградени се 8 километри од пругата кон Бугарија. Ова е само 10% од вкупната должина на железницата која треба да ги поврзе двете соседни земји. Изградените 8 километри се од првата фаза Куманово – Бељаковце. Само оваа траса ќе доцни вкупно три години. За втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка во тек е тендер за избор на изведувач, а за третата допрва треба да се обезбедат пари. Таа е најскапа, чини над 350 милиони евра, а земјава на располагање има 71 милион. И покрај лошата реализација досега, директорот Ирфан Асани кој меџанира со јавното претпријатие од 2011 година очекува дека пругата кон Бугарија ќе биде готова до 2021, а целосното железничко поврзување ќе се случи до 2023 година.

Пругата кон Бугарија е повеќе децениска желба во Македонија. Почна да се гради уште во средината на деведесетите години, но потоа престана. Десетина години подоцна продолжи, но со многу слаб интензитет. Таа е дел од Коридорот 8 на кој Макеоднија се уште нема железничко поврзување. Коридорот 10 од Грција кон Србија, пак функционира од 19 век. Пругата СКопје Солун почната е со градба 1871 година од страна на австирски концесионери, а финансирана од белгискиот банкар Хирш, била завршена во 1873 или само за две години.