Loading Video...
Свет
15. January 2020 - 18:54

За 30 секунди бил соборен украинскиот авион покажува новата снимка

За 30 секунди е соборен украинскиот авион, покажува новата снимка од соборувањето на боингот 737 во Иран. Противоздушната сила  со две ракети го погодува украинскиот авион кој се запалил во воздух и почнал да паѓа. Според весникот Спутњик видеото е објавено на 14 јануари  од неименуван корисник на социјалните мрежи од Иран а снимката била направена со камера која била монтирана на покрив од зграда во предградие на Техеран. Украинските власти ги побараа црните кутии од урнатиот авион а процесот на декодирање од страна на меѓународни експерти ќе почне од 20 јануари. 

Во авионот кој беше срушен по кратко време од полетувањето загинаа 175 луѓе, меѓу кои членови на екипажот и патници од Иран, Украина, Канада, Германија, Шведска и Авганистан . Патниците требало да летаат од Техеран  до Киев.