Македонија
25. September 2015 - 14:38

За 24 часа издаден 2.022 пртврди на мигранти

Во изминатите 24 часа издадени се  вкупно 2.022 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на азил на мигранти кои транзитираат низ Македонија. Од нив, 1.215 се од машки пол, 268 се од женски, 486 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 53 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан 1.190, Сирија 616, Ирак 123, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до утрово до 8 часот, издадени се потврди на вкупно 96.864 странски државјани, од кои, 64.343 се од машки пол, 13.107 се од женски, 16.318 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.096 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 74.113, потоа Авганистан 9.837, Ирак 5.703, Пакистан 2.617 Палестина 1.047, Сомалија 628, Бангладеж 609, Иран-546, Конго 368, Нигерија 221, Камерун 169, Еритреја 163, Етиопија 126, Судан 111, додека останатите се во помал број.

Во изминатото деноноќие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил, вчера се евидентирани пет баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.