За 24 часа 13 сообраќајки во Скопје
На подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив осум се со последици материјална штета, пет се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобило девет лица.
Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР - Скопје, во текот на изминатите пет дена од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број на прекршоци.
Еден возач го управувал своето возило под дејство на алкохол и бил исклучен од сообраќај, а четворица возачи не отстапиле првенство на минување во крстосница. Девет возачи за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Вкупно 49 возачи непрописно паркирале возила. Четири лица управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, а 11 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 67 возила. Четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаци.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ одделение во ОУ „Ѓорче Петров“ и со ученици од второ одделение од ОУ „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров. мд/09:16
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите